Во јуни најголем раст на просечната цена на акциите на одицијалниот пазар, според објавениот месечен извештај на Македонска берза, остварил Хотели Метропол Охрид со просечна цена на тргување постигната на 30.06.2025 акција од 290 денари или раст од 9,43 отсто.
Вредноста на акциите на Скопски пазар Скопје достигна 7.500 денари и остварен месечен раст од 7,14 отсто, на Македонијатурист Скопје вредноста е 10.000 динари или раст од 6,38 отсто.
Просечната цена на акцијата на Тутунски комбинат Прилеп на крајот од јуни изнесува 11.290 денари или раст од 5,45 отсто.Акциите на Алкалод Скопје достигнаа вредност од 27.730,66 денари или раст од 4,2 отсто.