Комерцијална банка АД Скопје најавува зголемена исплата за своите акционери. На претстојното Собрание на акционери ќе се разгледува предлог-одлука за распределба на дивиденда за 2025 година, која, доколку биде усвоена, ќе донесе повисок принос во однос на лани.

Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат 1.350 денари дивиденда по акција.