Информациите од Централната банка на Албанија укажуваат дека дознаките од дијаспората, во периодот јануари-март, имаат зголемување од четири проценти во однос на истиот период од претходната година.
Според податоците презентирани во платниот биланс на банката, девизните приходи од иселениците во овој период достигнаа 251 милиони евра, што е за девет милиони повеќе во однос на компаративниот период.
Италија, Грција, Германија, Франција, Велика Британија и САД се на врвот на листата како држави од кои доаѓаат најголеми приливи, поради големиот број албански иселеници кои живеат и работат во тие држави.
Банката констатира дека високите нивоа на дознаки, трошоците од туризмот и странските директни инвестиции се главните фактори за значајното зајакнување на албанската валута – лек, во однос на странските валути во целина, особено еврото, чија вредност денес е 98,4 леки.
“Минатата година дознаките изнесувале над милијарда евра, што се повисоки за 115 милиони евра споредено со 2023 година.”