Поради немање доволно кадар, албанските претпријатија почнаа да бараат работници надвор од државата.

Најчесто ангажираат работници од Филипините, претежно жени, кои работат во хотели, ресторани на брегот, козметички салони, па дури и како домашна помош.

“Се фокусиравме на Филипинците бидејќи се многу вредни … Носиме од 20 до 80 луѓе месечно,” вели албанската бизнисменка Џоана Ситаза.

Договорите се склучуваат на една година, со можност за продолжување, доколку и двете страни се задоволни. “Договорите траат до една година, но со можност за обновување, доколку двете страни се задоволни една од друга,” изјави Ситаза.

Таа објасни дека компаниите го преземаат целиот процес, вклучувајќи ги документите, визите, медицинските прегледи и обуката. “Започнува со поднесување апликации, правиме интервјуа, и во рок од еден месец им наоѓаме работа.”

“Исто така, правиме и неколку интервјуа со клиентите и кога ќе се согласат за платата, градот и работните места и ќе го започнеме процесот на добивање виза, во рок од четири до шест недели се издава визата и тие доаѓаат во Албанија,” додаде Ситаза.

Најплатена професија е шеф на кујна, со плата до 2500 евра, додека помошниците во здравството започнуваат со 600 евра.