Доделени награди за набавка на трактори, косилки, блендери и друга опрема за развој на македонски и српски социјални претпријатија

2022-12-19 21:00

Минатиот викенд (17-ти и 18-ти декември), во Ниш-Србија, беа прогласени победниците од Академијата за социјално претприемништво која се спроведе во рамки на прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“. Вкупниот фонд од 15 000 евра за награди во опрема и услуги...

Ангеловска–Божоска за „Новости”: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто

2022-12-19 20:00

Гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска Божоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. -Ефект може да има и напорите...

Трансформаторот за РЕК „Битола“, денеска пристигнува во Солун, утре тргнува кон Битола

2022-12-19 19:00

Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК „Битола“ да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На прес-конференција во РЕК „Битола“, Ковачевски потврди дека попладнево од Истанбул со брод до Солун...

Што предвидува планот за Попова Шапка: нови 16 скијачки патеки, сезона од над 100 денови…

2022-12-19 18:00

Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објекти, како и планинарски домови, предвидува планот за разој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата „ТехноАлпин“, а е одобрен од Владата. Станува збор за инвестиција вредна над...

Сојузот на стопанските комори: Малите и микропретпријатијата на удар на измените на Законот за данокот на добивката

2022-12-19 17:00

Предлог на Закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори...

Пауел од Банката на федерални резерви повторно е најголемиот страв за крипто-пазарот

2022-12-19 16:00

Откако поминаа најлошите последици од колапсот на крипто империјата на Сем Бенкмен-Фрид, трговците повторно се фокусирани на познатиот непријател – Федералните резерви. Кампањата на американската централна банка за спречување на зголемената инфлација со затегнување на монетарната политика повторно ги исплаши трговците. Претходно, минатата недела,...

Руската рубља падна на најниско ниво во последната половина година

2022-12-19 15:04

Руската рубља утринава падна на најниско ниво во однос на американскиот долар, во речиси 6 месеци, поради релативно ниските цени на нафтата и стравувањата дека санкциите против Русија би можеле да ја ограничат извозната заработка на земјата, пренесе Ројтерс, цитирана од БТА. Утрово, руската...

Изминатото деноноќие произведени 14.939 MWh електрична енергија и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

2022-12-17 15:00

АД ЕСМ на 16.12.2022 година произведе 14.939 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 13.141 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.798 MWh. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ...

ЕЦБ ја продолжи можноста за користење на репо-линијата од 400 милиони евра до 2024 година

2022-12-17 14:00

Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која се продолжува можноста за Народната банка за користење на репо-линијата до 15 јануари 2024 година, со што на нашата централна банка ѝ се става на располагање девизна ликвидност од 400 милиони евра за уште речиси една...

Годишен состанок на Мрежата на млади фармери

2022-12-17 13:00

На состанокот е најавено учество на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Мрежата на млади фармери функционира во рамки на Националната федерација на фармери. Формирана е од потребата за поголемо вклучување на младите фармери на возраст до 40 години во носење одлуки...