Исландската нискобуџетна авиокомпанија Play денес објави моментално прекинување на работењето поради недостаток на финансии, изненадувајќи илјадници патници и оставајќи 400 вработени без работа.

Play во соопштението наведува долгорочни финансиски резултати под очекувањата, слаба продажба на билети во последните недели и промени во стратегијата на компанијата што предизвикаа незадоволство кај некои вработени, објавува Figaro.

Компанијата покриваше околу 30 дестинации од Исланд, претежно во Европа, а имаше и чартер летови за други авиокомпании.

Со прекинувањето на работењето, илјадници патници ќе мора да го реорганизираат своето повратно патување, околу 400 луѓе ќе ги изгубат своите работни места, а партнерите на компанијата ќе претрпат загуби, додаде Play.

Патниците интервјуирани од исландскиот радиодифузер RUV рекоа дека дознале за веста дури кога пристигнале на аеродромот Кефлавик за да се качат на својот лет.

– Исландската влада не очекуваше толку ненадеен колапс на компанијата, изјави министерот за инфраструктура Ејолфур Армансон за RUV.

Друга исландска авиокомпанија, „Исландер“, објави дека размислува за додавање нови летови за превоз на патници заглавени во странство кои имале билети за Плаја за да се вратат дома, изјави Боги Нилс Богасон, извршен директор на „Исландер“ за RUV.