Растот на БДП за првиот квартал од 2025 година е 3,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
– Со тоа, Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска. Споредбено, ова значи дека растот е поголем за три пати од лани. Ова се должи на успешните економски политики на Владата. Нашата заложба е да продолжи ова, затоа носиме политики што ја поттикнуваат економијата да се развива – велат од Владата.
Поголем пораст е забележан во секторите градежништво и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 7,1 %, како и информации и комуникации од 4,8 %. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ е 69,0 %.
– За разлика од претходните години, кога беше македонската економија на дното, целосно девалвирана, сега имаме целосно придвижување напред. Се обврзавме и реализираме. За нова надеж за граѓаните и за Македонија, која ќе биде држава со раст и развој. Македонија мора да оди напред, државата е на патот на промените! – пишува во соопштението од Владата.