Европските берзански индекси денес беа претежно повисоки, поттикнати од претходниот пораст на оптимизмот на американските и азиските пазари по веста дека администрацијата на Трамп ги укина ограничувањата за продажба на софтвер за дизајн на чипови во Кина.
Според новите правила, водечките дизајнери на чипови во Соединетите Американски Држави повеќе нема да треба да бараат владини лиценци за да работат во Кина, објави CNN.
Во Европа, фокусот ќе биде на новите податоци за деловната активност од Шпанија и Италија, додека инвеститорите ќе го следат и извештајот за вработеноста во Соединетите Американски Држави, што би можело да влијае на одлуката за каматните стапки.
Денес во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,34 проценти на 23.835,58 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,45 проценти на 8.813,18 поени, францускиот CAC 40 за 0,26 проценти на 7.762,96 поени, додека московскиот MOEX малку падна за 0,05 проценти на 2.814,58 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна малку за 0,02 проценти на 44.484,42 поени пред денешното отворање, додека индексот S&P 500 порасна за 0,47 проценти на 6.227,42 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,94 проценти на 20.393,19 поени.
Европските фјучерси за гас за август беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 33.460 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 66.679 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 68.360 долари.
Цената на златото малку се зголеми на 3.358,16 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,5438 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,18077 долари, што е за 0,08 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.