САД акумулираа речиси 100 милијарди долари приход од тарифи, објави вчера државниот секретар за финансии, Скот Бесант.

„Се приближуваме до 100 милијарди долари. Мислам дека годишните приходи би можеле да достигнат 300 милијарди долари“, рече Бесант во разговор за американската телевизиска куќа Фокс Бизнис, кога беше прашан за тековното ниво на приход од тарифи.

Бесант претходно укажа на изгледите за достигнување 300 милијарди долари приход до крајот на годината.

Сè уште не е прецизно на кој временски период алудираше секретарот за финансии на САД, кога ја спомена сумата од речиси 100 милијарди долари.

Бесант истакна дека приходите од тарифи забележале пораст во јуни, но без да изнесе конкретна бројка.