Без странски работници, БДП би бил за осум проценти помал, затоа треба да работиме на нивна подобра интеграција во општеството и да обезбедиме тие да имаат добри услови за живот, беше кажано во четврток на конференцијата за странски работници и технолошки иновации во градежништвото и енергетиката, организирана од Здружението „Гласот на претприемачите“, UGP
Претседателот на УГП, Борис Подобник, изјави дека Хрватска е принудена да вработува странски работници, бидејќи едноставно нема доволно домашни, пренесува t-portal.
„Само треба малку да се обрне внимание на бројките. Пред 40 години се родија 65 илјади Хрвати, а денес 31 илјада годишно. Имаме огромно стареечко население, огромен број луѓе одат во странство да работат, а оние што останаа имаат свои потреби и ни требаат работници“, рече Подобник.
Според неговата проценка, во градежништвото најверојатно има 40 проценти странски работници, а во угостителството и туризмот околу 30 проценти.