На 19-ти јули 2021 година, во Хотел Белви во Скопје, ќе се организира бизнис форум со компании од Косово. На бизнис форумот ќе учествуваат сопственици од ИКТ секторот, дрвната индустрија и мебел. Бизнисмените од Косово ќе се запознаат со можностите за инвестирање во земјава како и ќе остварат средби со македонските компании за соработка. Дополнително, компаниите од Косово ќе имаат можност да дознаат повеќе за можностите за инвестирање во Македонија.

 

Целни сектори:

  • Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ)
  • Дрвна индустрија
  • Мебел

Агенда за настанот:

09.30 – 10.00 Регистрација
10.00 – 10.30 Воведно обраќање
10.30 – 12.30 Б2Б средби (сесија 1)
12.30 – 13.30 Пауза за ручек
13.30 – 15.30 Б2Б средби (сесија 2)

Бизнис форумот ќе им овозможи на компаниите да пронајдат деловни партнери од Косово, да ја прошират нивната деловна мрежа, да споделат искуства со меѓународни деловни контакти од Косово, да бидат во тек со трендовите на пазарот и да идентификуваат технолошки иновации.

Учеството на настанот не се наплаќа.

Сите заинтересирани компании од секторот на информатичко-комуникациски технологии, дрвната индустрија и мебел, кои сакаат да учествуваат на настанот потребно е да се регистрираат на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeSKzMzmjoLctMAdxBWCz6_5JESQVoOJ3vHb4Ysmu2G7sCydg/viewform

Настанот го организираат Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во соработка со Приштина РЕА, во состав на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network).