Не само ДЗС, туку сите институции се исправени пред тест за да ги спроведат неопходните чекори, предвидени со реформската агенда. Експерти советуваат и да спојат капацитетите за да се испорача подобар резултат. И бизнисот бара поголема ангажираност за да се искористат парите од планот за раст.

Олеснет пристап до капитал за инвестиции, намалување на трговските и царинските бариери, поедноставување на бирократските процедури за водење бизнис, ова е клучно за да се зголеми конкурентноста на македонските компании, порачуваат од бизнис – заедницата.

Оттаму велат дека заедно со Министерството за економија и труд мапирани се вкупно 100 административни постапки, за кои се потребни сложени процедури, долги рокови и обемна документација и кои се пречка за растот и конкурентноста на компаниите.

За планот за раст и реформската агенда направена анкета покажува дека над 40 насто од испитаниците воопшто не се запознаени додека според мерењата на реализација на реформите остварени се околу третина од реформските чекори, велат од Институтот за демократија. Најуспешен процесот на дигитализација, забавено се одвиваат реформите во правосудството.

Со парите од планот за раст треба да им се помогне и на јавниот и на приватниот сектор.