Неизвесноста и хаосот што ги наметнува војната ги потресуваат и светските берзи, па откако почнаа американско-израелските напади врз Иран, практично сите клучни глобални индекси отидоа надолу, констатира Блумберг Адриа во својата анализа.

На домашен терен ситуацијата не е имуна на тоа што се случува на околу 2.500 километри од Македонија. Така, од почетокот на годината МБИ10 е во минус од 1,45 отсто, што е пак подобро од индексите на Волстрит, ако е за некаква утеха.

Македонските отворени инвестициски фондови исто така во своите перформанси го рефлектираат она што се случува на светските пазари. Најголемиот дел од нив, како акциските фондови, парите на своите клиенти ги вложуваат во акции претежно на европски и американски корпорации, па ако од почетокот на годината, а особено последниов месец, странските пазари се во црвено, соодветни ќе бидат и резултатите на домашните фондови.