Интеграцијата во СЕПА, дигиталната трансформација и задржувањето на талентите се од клучно значење за конкурентноста на финансискиот сектор и привлекувањето странски инвеститори во банкарскиот систем на Црна Гора, беше контатирано од учесниците на конференцијата за финансиски пазари на Црна Гора, Една од централните теми беше одливот на млади експерти, но и позитивните примери за нивното враќање и доаѓањето на таленти од странство.

Црна Гора привлече голем број експерти во последните години и има простор тој тренд да продолжи, истакнаа менаџерите на големите банки во Црна Гора.  Враќањето на луѓе со меѓународно искуство на највисоките државни позиции беше оценето како позитивен сигнал, а беше заклучено дека задржувањето и враќањето на талентираните лица не е само макро прашање, туку и оперативен приоритет за банките – од брендирање на работодавачите до соработка со универзитетите.

Дигиталната трансформација беше идентификувана како клучен фактор за раст, но панелистите предупредија на пречките во институционалната рамка.

Влезот на Црна Гора во зоната на СЕПА беше оценет како „тектонска промена“ за банкарскиот сектор. Панелистите истакнаа дека овој чекор носи пониски такси, побрзи трансфери и поголема интероперабилност со ЕУ, што испраќа силна порака до инвеститорите за сериозноста на институциите, пренесува Инвеститор.ме.