Просечната бруто плата во Србија во март изнесувала 148.652 динари, (1267 евра) просечната нето плата, односно платата без даноци и придонеси, била 108.013 динари, (921 евра)  додека медијаната плата била 81.793 динари, (697 евра) објави денес Републичкиот завод за статистика.

Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-март 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 11,2 проценти номинално, односно 6,4 проценти реално.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечните бруто и нето плати за март годинава се номинално повисоки за 11,5 проценти, а реално за 6,8 проценти.