Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска потврди дека во понеделник, на 15 декември, ќе биде суспендирано работењето на трезорот за буџетски исплати.
“Многу е битно сите институции навремено да ги испратат барањата до трезорот за да може трезорот навремено да ги изврши плаќањата. Ако барањата се достават на 25, 27, 28…”, порача Мицкоски, додавајќи: “…тогаш повторно Владата ќе биде обвинета зошто исплатата не е реализирана навремено.”
Тој истакна дека, иако ќе постои одредена флексибилност, целта на оваа одлука е институциите да покажат одговорност и да се овозможи навремено сервисирање на обврските кон доверителите, што е во надлежност на Министерството за финансии преку трезорот.
Претходно, Мицкоски присуствуваше на церемонијата по повод поставување камен-темелник за нова училишна спортска сала во селото Колешино, во Општина Ново Село.