Од почетокот на годината и заклучно со август, Царинската управа наплатила приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.

Само во август е реализирана наплата за 14,5 милиони евра повеќе во однос на истиот месец лани и тоа е рекорден раст од 8,9% годинава.

Најголем раст од 19,5% е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари. Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9%, додека  приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3%.

– Во јули наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, а во август за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата – вели директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.