Втор ден од „Самит Македонија 2025“

2022-05-19 13:00

Со фокус на жените во науката, технологијата, инженерство и математика, државите и вештачката интелигенција, влијанието на „блок-чејн“ технологиите врз индустриите, промените и работните места, предизвикот на присуството на глобалниот пазар, денеска продолжува вториот ден од 11-тиот по ред „Самит Македонија 2025“ кој се одржува...

Руската филијала на Гугл планира да поднесе барање за банкрот

2022-05-19 12:00

Американската компанија Гугл информира дека нејзината руска филијала планира да поднесе барање за банкрот. Причината е тоа што не може да плаќа персонал и добавувачи, јавија руски медиуми. Руската филијала поднела известување за намерата да прогласи банкрот до националниот регистар Федресур, поради заплена на...

СБ одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна

2022-05-19 11:00

Светска банка (СБ) соопшти дека ќе стави на располагање 30 милијарди долари за да помогне во снабдувањето со храна, што е отежнато поради руската инвазија врз Украина. Предвидено е 12 милијарди долари да бидат наменети за нови проекти и повеќе од 18 милијарди долари...

Јапонски компании сакаат да инвестираат во земјава

2022-05-19 10:00

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во земјава. На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави и определеноста од двете страни за развој на соработката. Посочено е дека предвидената скорешна...

За инвестиции во „капка по капка” и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 мил.денари

2022-05-19 09:00

Договорите чие доделување беше организирано денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе ги потпишат земјоделски стопанства и земјоделци од сите општини низ државата. -Оваа финансиска поддршка е силен импулс за модернизирање на земјоделството. Владата прави максимални напори да ги намали трошоците и...

Речиси 90.000 работници се уште ја чекаат априлската плата

2022-05-19 08:00

Податоците од Управата за јавни приходи покажуваат дека 90.000 работници се уште ја чекаат априлската плата. Во оваа бројка влегуваат и оние кои работат за минималец од 18.000 денари. Дел од работодавачите доцнат затоа што аплицирале за субвенции за минимална плата и се уште...

Одгледувачите на свињи бараат производната цена на месото да се зголеми за 50 отсто

2022-05-18 21:00

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Наместо сегашната производна цена од 100 денари за килограм жива мера, според потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов, одгледувачите бараат производната цена на свинско...

Годинава во Охрид се очекуваат 7.000 гости од Холандија, а за прв пат најавени се и 2.000 туристи од Велика Британија

2022-05-18 20:00

Првата група од 155 туристи од Холандија, денеска пристигна на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Гостите од Холандија кои слетаа со чартер лет на холандскиот туроператор ТУИ рекоа дека слушнале за гостопримливоста на македонскиот народ и за одмор во Охрид се одлучиле поради препораки...

Неофицијално 5.000 административци дале отказ за 2 години

2022-05-18 19:00

Администрацијата се празни од високостручен кадар на чии места нема нови вработувања, а во одделни јавни сектори има прекубројно вработени, тврдат синдикатите кои забележуваат дека преку намален број на огласи за нови вработувања привидно се прави реформа во јавната администрација. Овие луѓе велат од...

Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

2022-05-18 18:00

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични...