Србија наредната недела ќе ја тргне забраната за извоз на масло за јадење

2022-04-09 19:10

Соседна Србија наредната недела се очекува да ја тргне забраната за извоз на сурово масло за јадење за македонските компании. Смирувачки тонови доаѓаат по разговорот меѓу македонскиот министер за земјоделство и потпретседателот на Владата на Србија. Завчера се крена рампата само за пченицата и...

Бесими најави ребаланс на буџетот

2022-04-09 18:00

Војната во Украина и последиците што ги носи на глобално, регионално, но и на локално ниво на секоја држава, беа во фокусот на овогодишниот, седми по ред Економски форум Делфи во Грција, што традиционално се одржува во градот Делфи, а на кој учествува и...

Дознаките се вратија на ниво од преткризниот период со 44 отсто раст во 2021

2022-04-09 17:00

Дознаките од странство се вратија на преткризното ниво, со тоа што минатата година остварија раст на годишна основа од 44%. Тие се многу значаен девизен потенцијал за нашата економија, но и извор на финансирање на потрошувачката на домаќинствата. Според анкетите на Народната банка, околу...

Македонското јагне се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена

2022-04-09 15:58

Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија. Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди“. – Откупот...

Нерафинираното и рафинираното масло за јадење наредната недела треба да стигне од Србија

2022-04-09 15:00

Тоа значи дека во нареднииот период ќе има доволно суровина за производство за домашните фабрики. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, телефонски разговарал со потпретседателот на владата на Р.Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого бил информиран дека по одлуката за кревање на рампата за меркантилна пченица...

Рускиот финансиски сектор се опоравува

2022-04-09 14:00

Иако обновувањето на руската рубља се злоупотребува како доказ дека Русија се справува со западните санкции, постојат знаци дека финансискиот сектор на земјата се опоравува од првичниот шок од воведувањето санкции кон Москва, пишува лондонски Фајненшл Тајмс. Британскиот весник наведува дека економистите на Институтот...

Скапата струја ги насочува копачите на криптовалути кон сончевата енергија

2022-04-09 13:00

Американските технолошки компании, „Блок“ и „Блокстрим“, подготвуваат центар за ископување биткоини што целосно ќе се напојува од сончевите зраци. Проектот започнува во јуни, а целта на неговите создавачи е да ги направат криптовалутите поевтини и поеколошки. Групата за дигитално плаќање „Блок“, претходно наречена „Сквер“,...

Премиерот Ковачевски и министерот Османи на Економскиот форум Делфи

2022-04-09 13:00

На денешниот последниот ден од Форумот, премиерот Ковачевски ќе има свое излагање за актуелните состојби во светски рамки, предизвиците со кои земјите се соочуваат како и мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна. Разговорот ќе...

Ангеловска-Бежоска: Народната банка има капацитет и инструментариум за одржување на стабилноста на денарот

2022-04-09 12:00

Денарот е стабилен и ќе продолжи да биде стабилен, граѓаните не треба воопшто да стравуваат. Народната банка има институционален капацитет и соодветен монетарен инструментариум за одржување на стабилноста. Впрочем и во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, од февруари, јасно се посочува дека воопшто...

Натапет.мк e првата македонска платформа за оценување на е-продавници

2022-04-09 11:00

Натапет.мк е прва македонска платформа каде што корисниците можат да се информираат околу валидноста на е-продавниците во Македонија и да го споделат нивното лично искуство при онлајн купувањето. Поттикнати од неправдите и незадоволството на клиентите што се случуваат секојдневно при онлајн купувањето, како што...