Шпанската банка BBVA намалува 12 % од вкупната работна сила

2021-06-09 20:00

Банката „BBVA“ постигна договор со синдикатот за укинување на 2.395 работни места во Шпанија, или околу 12 проценти од вкупната работна сила, објави синдикатот „Комисис Обрерас“. Во април, ББВА објави дека планира да укине 3.798 работни места и да затвори 530 филијали или една...

Внимавајте кога подигнувате готовина од банкомат, забележани се поставени уреди за копирање на податоци!

2021-06-09 19:00

Секторот за компјутерски криминал при МВР информираше дека во изминатиот период пристигнати се неколку пријави од страна на домашна банка за поставени уреди за копирање на податоци од платежни картички на банкоматите кои ги користи. “Станува збор за поставени уреди кои нелегално ги копираат податоците...

Колкав ќе биде износот на К-15 за администрацијата?

2021-06-09 18:26

Над 9.000 денари ќе изнесува К-15 годинава за вработените во јавната администрација. Оваа година и тие ќе добијат К-15. Од граѓанскиот синдикат УПОЗ информираат дека тоа е минималната сума која им следува на вработените со граѓанскиот колективен договор, а оние кои имаат и колективен...

Исплатени субвенции за 2.332 индивудуални земјоделци

2021-06-09 17:00

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 51 милион денари на сметките на 2.332 индивидуални земјоделци. Парите се исплатени за мерката „Дополнителна помош од 20 проценти на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со...

Комерцијална Банка со кредит за енергетска ефикасност: Соларна енергија користам – пониски сметки добивам

2021-06-09 16:00

Соларна енергија користам – пониски сметки добивам Сончевите колектори за топла вода ја користат бесплатната енергија на сонцето и ја затоплуваат водата во вашиот дом. На овој начин добивате неколку придобивки: топла вода во текот на целата година, намалување на сметките за електрична енергија...

УПОЗ по одлуката на Владата: К15 ќе добијат сите – установи, судови, општини, агенции и фондови

2021-06-09 15:00

УПОЗ, синдикатот кој ги застапува вработените во јавната админситрација, по вчерашната владина седница денеска објави дека регрес за годишен одмор годинава ќе добијат сите од државната управа, па до вработените во агенциите, фондовите, општините и судовите. На вчерашната седница на Владата беше усвоен ребалансот...

Светска Банка: Предвидуваме раст од 3,6% за Македонија

2021-06-09 14:00

Светската банка во најновиот извештај предвидува раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто, следната година растот е проектиран на 3,5 проценти, а во 2023 на 3,4 отсто. За земјите од регионот проектирано е Албанија годинава да има раст на БДП од 4,4 отсто,...

Со ребалансот секое семејство се задолжува за нови 500 евра!

2021-06-09 13:00

Заев да објасни зошто со ребалансот има пари за партиската администрација која седеше дома, а нема пари за земјоделците, невработените и бизнисот кој е во криза, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Власта на Заев со ребалансот на буџетот не нуди развоен концепт и поддршка на стопанството,...

Се урива легендарната плажа Cuba Libre – бисерот на брегот на Охридското Езеро!

2021-06-09 12:12

Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид. За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре”, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег...

Банките со активности во доменот на „зеленото финансирање“ и вложуваат во автоматизација и дигитализација на процесите

2021-06-09 12:00

Објавени резултатите од Анкетата за согледувањaта на банките за деловните активности и ризиците од работењето во 2021 година и Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност во Република Северна Македонија за 2021 година. Повеќе од половината од домашните банки имаат преземено активности за...