Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации за поголем раст

2020-08-24 21:00

Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации со мобилизирање на националните ресурси и врвни светски истражувачки тимови со цел поттикнување на поквалитетен раст, најави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, кој учествува на економски и академски семинар. Како што објави државната телевизија, Си рече дека...

Домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра

2020-08-24 20:00

Заклучно со јули годинава, домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра, покажува најновиот извештај на Народната банка. Според податоците, и покрај кризата, во јули има зголемување на кредитите кај населението во однос на јуни за 1,3 проценти, а зголемувањето во однос на ланскиот...

НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

2020-08-24 19:00

НЛБ Банка денеска со отворањето на нова експозитура во населба Тафталиџе ја прошири својата продажна мрежа на уште една локација. Новата експозитура  ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Истата е опремена по најсовремени технолошки и безбедносни стандарди, како...

Банките предвремено ќе ја исплатат и августовската пензија

2020-08-24 18:00

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките и овој месец  предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии. Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.  Готовинската исплата на пензиите, за...

Цените на горивата остануваат непроменети

2020-08-24 17:00

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти во согласност со одлуката од 17.8.2020 година, а намалување ќе има на малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,323% и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)...

Отворен повик за онлајн обука за претприемништво за девојки и жени од Jугозападниот регион

2020-08-24 16:00

Менторската мрежа „Стела“ отвори повик за учество на обука за претприемништво за девојки и жени од Jугозападниот регион, односно Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа. Онлајн обуката ќе се одржи на 5-ти септември со почеток од 10:00 часот...

Охриѓани пак се незадоволни од приходите оваа година

2020-08-24 15:00

Главната летна туристичка сезона што полека изминува потфрли по сите параметри, и од посетеноста и од остварениот промет, пишува дописникот на МИА од Охрид. Додава дека причините се добро познати, епидемијата на коронавирусот доведе до тоа на охридската ривиера речиси и да немаше странски...

Акциите на „Тесла“ скокнаа за 50 % и се продаваат за 2.100 $

2020-08-24 14:00

И покрај неизвесната економска состојба, многу акции, а со тоа и индекси, продолжуваат да растат, бидејќи инвеститорите се подготвени да преземат ризици со пониски каматни стапки. Централните банки се на нивна страна со фантастични количини новопечатени пари, а фаворити на пазарот се уште се...

Над 600.000 хотели во светот почнуваат да го прифаќаат биткоинот како валута

2020-08-24 13:00

Повеќе нема потреба од картички и кеш пари, во иднина хотелите ќе прифаќаат и криптовалути. Интернет-платформата за патувања Agoda (дел од Booking Holdings) се здружи со слична крипто-услуга, Тravala.com. Сега повеќе од 600.000 хотели во скоро 200 земји можат да се резервираат so криптовалути....

Седумте најголеми технолошки компании денес вредат 7,7 трилиони долари

2020-08-24 12:00

Технолошките титани во моментов доминираат на берзите. „Apple“ веќе е вреден над 2 трилиони долари. Петте најголеми технолошки компании – „Apple“, „Amazon“, „Microsoft“, сопственикот на „Google“ – „Alphabet“, како и „Facebook“, веќе чинат вкупно над 7 трилиони долари. Ако на овој список се додадат „Tesla“...