Царовска: 324 илјади пензионери добија покачување на пензиите од 722 денари

2020-02-01 16:16

Покачувањето на пензиите за вкупно 324 илјади пензионери власта го оправдува со зголемување на минималната  и просечната плата на вработените како и со пад на дефицитот во пензискиот фонд. Нема популизам во одлуката, кажа денеска на прес конференција Вицепремиерката  за економски прашања Мила Царовска....

НБ: И понатаму се намалува просечната каматна стапка на кредитите

2020-01-31 21:00

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во декември, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 4,94 отсто, што преставува месечен и годишен пад од 0,06 процентни поени (п.п.) и 0,39 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,26 отсто и...

Brexit ќе му донесе на Франкфурт повеќе од 30 банки и 3.500 работни места

2020-01-31 20:00

Банкарскиот центар во Франкфурт е еден од победниците по излегувањето на Велика Британија од Европската унија, се вели во истражување на „Ландесбанк“ Хесен-Тиринген (Хелаба), објавено денеска. – Повеќе од 30 странски банки донесоа одлука во корист на германскиот финансиски центар, изјави денеска аналитичарката на...

Денеска се исплатија субвенциите за полјоделските култури

2020-01-31 19:00

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ги исплати субвенциите за одгледувачите на поледелски култури. Станува збор за исплата по мерката 1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, освен тутунот. -Без селекција и во еден ден на...

Зголемен прометот во трговијата

2020-01-31 18:00

Прометот во трговијата на големо во декември 2019 година е зголемен за 19,9 % во споредба со истиот месец од претходната година, а прометот на мало бележи зголемување од 12,7 %. Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во...

Државниот долг за 2019 намален, јавниот долг стабилизиран и понизок од проекциите

2020-01-31 17:15

Државниот долг во 2019 година е намален за 0,4 процентни поени во однос на 2018 година и изнесува 40,2% од БДП, покажуваат последните објавени податоци на Министерството за финансии. „Јавниот долг е стабилизиран и умерен и тој изнесува 48,9% од БДП. Во 2016 година...

Дојче банка со загуба од 5,3 милијарди евра во 2019 година

2020-01-31 16:00

„Deutsche bank” денес го објави финансискиот извештај од своето работење за изминатата 2019 година во оствари нето загуба од 5,3 милијарди евра (5,8 милијарди американски долари) во услови кога е започнат огромен проект за целосна трансформација на банката. Според анкетата на „Reuters“, аналитичарите очекувале...

Царовска и Деспотовски: Поддржуваме поголема продуктивност и конкурентност на малите и средни претпријатија

2020-01-31 15:00

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, ја посетија компанијата Фејдом, една од компаниите-корисници на кофинансирани грантови за поддршка на иновации. Вицепремиерката Царовска посочи дека во изминатите две и...

Кредитниот раст лани бил 6 %

2020-01-31 14:00

Продолжува растот на кредитната активност и на депозитната база на банките, што упатува на стабилни очекувања и зголемена доверба. Поконкретно, кредитниот раст, минатата година достигна шест проценти, додека растот на вкупните депозити изнесува девет проценти, наведува Народната банка во Извештајот за четвртиот квартал лани....

Пад на индустриското производство во Македонија

2020-01-31 13:00

Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење...