На средбата беше разговарано за текот на инвестицискиот проект, потенцијалите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони, како и условите и државната поддршка за странските инвеститори.
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денеска оствари средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на мултинационалната компанија Cavo Otomotiv, која планира отворање фабрика во рамки на ТИРЗ Тетово, инвестиција што би донела над 400 нови работни места.
На средбата беше разговарано за текот на инвестицискиот проект, потенцијалите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони, како и условите и државната поддршка за странските инвеститори. Димовски истакна дека ваквите инвестиции се од особено значење за економскиот раст, зголемувањето на извозот и отворањето нови работни места, нагласувајќи дека државата обезбедува стабилна и предвидлива бизнис-клима и целосна институционална поддршка.
Од компанијата Cavo Otomotiv изразија задоволство од досегашната соработка со институциите и интерес за навремена реализација на инвестицијата, посочувајќи дека Македонија ја препознаваат како стабилна и конкурентна дестинација за долгорочни вложувања. Проектот е во напредна фаза, а компанијата, која е присутна во Турција, Канада, Германија и Словачка, е специјализирана за производство на автомобилска опрема и безбедносни системи за водечки светски производители.