Цените на нафтата паднаа најмногу за четири години, бидејќи трговците внимателно делуваа поради  низа контрадикторни изјави за знаци за одржливост на краткорочните текови низ Ормускиот теснец.

West Texas Intermediate го заврши вчерашниот ден со пад од 12%, што е најголем пад од март 2022 година. Тргувањето беше затворено со вредност над 83 долари за барел. Белата куќа соопшти дека САД не придружуваат танкер за нафта низ Ормускиот теснец, што е спротивно на сега избришаната објава на социјалните мрежи од министерот за енергетика Крис Рајт, во која се тврдеше дека е така.

Цените на суровата нафта Брент и WTI се речиси 40% повисоки отколку на почетокот на годината, бидејќи  затворањето на теснецот врши поголем притисок врз производителите да го намалат производството со продолжување на  војната со Иран, пренесува Сее биз.