Цените на нафтата денес пораснаа, имено нафтата Брент за околу 64 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) се движеше околу 60 долари за барел, откако паѓаше две недели по ред.
Во исто време, инвеститорите ги чекаа најновите извештаи за пазарните перспективи на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC plus) и Меѓународната агенција за енергија (IEA) оваа недела за нови сознанија за состојбата на пазарот, објави Trading Economics.

Цените на нафтата неодамна беа под притисок поради очекувањата дека глобалната понуда ќе ја надмине побарувачката, а OPEC и нејзините сојузници, вклучително и Русија, ги ублажија ограничувањата на производството пред планираната пауза на зголемувањето следниот квартал.
Производителите кои не се членки на OPEC, особено САД, исто така го зголемија производството.

Во меѓувреме, инвеститорите продолжија да ги следат ефектите од американските санкции врз водечките руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, како дел од обидот на Вашингтон да изврши притисок врз Москва поради конфликтот во Украина.

Земјите што во голема мера зависат од руската нафта, вклучувајќи ги Кина и Индија, сега ги диверзифицираат своите извори на снабдување бидејќи се соочуваат со санкции кога купуваат руска сурова нафта.