Цените во Охрид уриваат рекорди. И на пазарите и во чаршијата.Кафето покрај езеро чини од 3 евра па нагоре, топче сладолед од 80 до 120 ден, просечната цена на пицата е околу 8 евра а охридската цреша се продава по 300 ден за кг. И коктелите имаат жешка цена, најефтиниот е 400 ден.

Овие цени се прифатливи само за туристите велат охриѓани.

Цените во Охрид можат да ги одвратат гостите смета и зам.министерот за економија Марјан Ристески.

Поради високите цени  на хотелските алл инкулузив понуди досега соработка со Охрид откажаа два тур оператори од Холандија и Полска. Дел од гостите од земјава и оваа сезона на социјалните мрежи постојано реагираат објавувајки ги високите сметки, кои ги добиле во некои од угостителските објекти во Охрид, каде цените и на храната и на пијалоците се како во некои егзотични или монденски дестинации.