Трошоците на живот на граѓаните и понатаму проблем за преживување. Премиерот Христијан Мицкоски веќе подолго време е на ист став дека многу скоро како Влада ќе излезат со мерки но прво требало да направат базични анализи за да се види кад ее проблемот.

Мерките ќе бидат краткорочни и долгорочни но не појасни за какви мерки станува збор и кога ќе бидат, бидејќи повеќе повече од месец ги најавува. Премиерот рече дека целта е граѓаните да се растеретат од високите трошоци.

Од ССМ до сега неколку пати апелираа што поскоро да има состанок и да се донесат мерки затоа што состојбата со цените е алармантна. Минималната плата мора да се зголеми на најмалку 500 евра, а со тоа да се зголемат и останатите плати за најмалку 100 евра затоа што 55,7% од македонските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор.

„Алармантно е тоа што во вредноста на Синдикалната минимална кошница која се обидуваа да ја оспоруваат затоа што во неа според нив се предвидувало луксуз, предвиден е трошок за седум ноќевања во Дојран од 23 до 30 јуни, но пололовина од македонските работници не можат да си го дозволат ниту тоа. Потребен е раст на платите за македонските работници да можат да си овозможат пристоен годишен одмор за себе и за своите семејства, затоа што и минималната и просечната плата се најниски во регионот, а со нив 55,7 % од работниците не можат да си овозможат годишен одмор.“ – велат од ССМ.

Според, последниот извештај на статистиката за една година трошоците за живот скокнале за 4, 5 отсто. Најмногу поскапело овошјето, но раст е забележан и кај другите производи. Само зеленчукот за година дена е поскап за 46%. Цената на овошјето е зголемена за над 20% споредено со лани.