Цените на скапоцените метали продолжуваат да растат. Унца од 31,1 грам чинеше 3.699 долари во вторн
Златото е поскапено за 40 проценти само оваа година, што ги одразува геополитичките тензии, очекувањата за висока инфлација, најавата на ФЕД за намалување на каматните стапки и (барем во вторник) послабиот долар. Еврото е веќе на 1.187 долари, што е речиси највисоко ниво од септември 2021 година.
Покрај тоа, централните банки, особено во Азија и Блискиот Исток, продолжуваат брзо да купуваат злато за своите резерви, сè повеќе оддалечувајќи се од инвестициите во долари. Анкета на Светскиот совет за злато, во која учествуваа 73 централни банки, покажа дека 95 проценти од нив планираат да ги зголемат своите резерви на злато во следните дванаесет месеци, додека се очекува речиси три четвртини да ги намалат своите резерви во долари.