Централна кооперативна банка ќе ја издаде втората емисија долгорочни должнички хартии од вредност. По пат на јавна понуда ќе се пласираат 60 конвертибилни обврзници. Со продажна цена еднаква на номиналната – од 100 илјади евра. И со вкупната вредност од шест милиони евра. За нив е утврдена фиксна годишна каматна стапка од 2,2 проценти.

За оваа емисија ЦКБ доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност. Обврзниците ќе бидат понудени на Македонската берза според моделот на фиксна цена. И со примена на принципот на приоритет на налози со порано време на внес на налогот во БЕСТ системот.

Карактеристично за конвертибилните обврзници е што инвеститорите ја имаат можноста за нивна замена со определен број обични акции. Поради тоа, во теоријата ваквите хартии од вредност се сметаат за хибриден вид.