Нема да се толерира дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите вели премиерот Христијан Мицкоски. Анализата, како што вели премиерот, покажа дека ад хок ограничување на маржи се прелева во месеците кои што следат.
Посочи дека Комисијата за заштита на конкурентноста многу скоро ќе излезат на терен и ќе следат санкции за скриените „маркетинг услуги“.
Мицкоски потенцира дека вториот начин е обидот да интервенираат во делот на услугите. Премиерот повтори дека е се додека може таа услуга некој да ја плати, тие за жал, ќе ја качуваат, и тоа ќе влијае негативно во конечната инфлација.
Државниот завод за статистика пресмета раст на годишно ниво од 4,8%, на месечно од 1,1%. Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3%.