Девизните резерви на Турската централна банка достигнаа ново рекордно ниво од 176,51 милијарди долари на 15 август.

Резервите се зголемија за 1,2 проценти, или за 2,14 милијарди долари, во споредба со 174,36 милијарди долари претходната недела, соопшти Централната банка.

Девизните резерви во конвертибилни странски валути се зголемија за 4,1 процент на 83,2 милијарди долари во споредба со претходната недела, објавува Анадолија.