На крајот на ноември 2025 година, официјалните девизни резерви на државата изнесувале 4.862,2 милијарди евра, што претставува зголемување од 19 милиони евра во однос на претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Народната банка. На крајот на октомври 2025 година, официјалните девизни резерви на државата изнесуваа 4.843,2 милијарди евра.

Hајголемиот дел, односно 73,9%, се вложени во хартии од вредност, додека 16,4% се во монетарно злато. Останатите 9,7% се распределени во валути и депозити.

На крајот на ноември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 19 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%).