Министерството за финансии, по задолжение на Владата, работи на решавање на состојбата со компаниите кои уплатија средства врз основа на Законот за солидарен данок, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
До компаниите веќе е доставен предлог средствата да им бидат исплатени во две рати – првата во март 2026, а втората во март 2027 година. Доколку правните лица не се согласат со овој модел, ќе се изнајде друго решение со повеќе рати, најмногу до пет, при што исплатата би започнала во март 2026 година.
Во моментов тече процесот на прибирање на одговори од компаниите, по што Министерството за финансии ќе ги разгледа доставените мислења и ќе ја информира Владата за резултатите, со цел да се започне постапката за враќање на средствата.
Во 2023 година, 156 компании уплатија над 3 милијарди денари врз основа на Законот за солидарен данок.