Со задоволство ја стартуваме BonusBox – новата програма за лојалност од Комерцијална банка. Создадена е за да ја награди твојата лојалност и секојдневно да ти носи вредност и дополнителни придобивки од секое плаќање со твојата Debit Mastercard World дебитна картичка од Комерцијална банка.
BonusBox е дизајнирана за да биде едноставна и корисна. Потребни се само три чекори за да започнеш да ја користиш:
- Регистрирај ја твојата Debit Mastercard World картичка во платформата BonusBox
- Почни да собираш поени со секоја трансакција
- Користи ги поените за поврат на средства на твојата сметка, плаќање со поени или за избор на подарок-картичка
Во текот на промотивниот период до 30.09.2025, сите корисници кои ќе ја регистрираат својата Debit Mastercard World картичка во BonusBox ќе ги добијат неискористените поени од претходната програма за лојалност и ќе добиваат двојно повеќе поени за секоја трансакција со картичката во странство.
Тоа значи дека уште од самиот почеток си во плус, а секојдневните трансакции понатаму ќе ти носат сè повеќе вредност.
Ако имаш Debit Mastercard World картичка од Комерцијална банка, активирај го BonusBox и почни да собираш поени.
Ако сè уште немаш, сега е идеално време да аплицираш.
Дознај повеќе за BonusBox на следниот линк.