Исплатата на правата за социјална помош и детска заштита веќе со денови доцни и не е исплатена на најранливите категории во државата.

До редакцијата на „Инфомакс“ стигнаа десетици пораки и поплаки од граѓани кои не ги добиле средствата за социјална помош и детска заштита. Граѓаните се загрижени кога ќе им се исплатат средствата кои им следуваат.

„Инфомкас“ побара одговор од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

„Министерството за социјална политика, демографија и млади Ве информира дека целата постапка околу подготовка на исплатата на правата од социјална и детска заштита е завршена од страна на службите на министерството.

Воедно, Ве известуваме дека се очекува исплатата да биде реализирана во најкраток можен рок.“

Претходно „Инфомкас“ пишуваше за доцнењето на надоместокот за породилно отсуство, а тогаш од министерството ни одговорија дека тоа е нормално.