Американскиот долар падна за повеќе од 0,27 проценти во среда откако Конгресот не успеа да постигне договор за привремен буџет, што резултираше со блокада на американската федерална влада.
Индексот на доларот, кој ги споредува перформансите на доларот во однос на шест други валути како што се еврото и јапонскиот јен, падна на 97,19 од 13:35 часот по Гринич (9:35 часот по источно време), објави агенцијата Анадолу.
Овој пад резултираше со вкупен пад од 10 проценти за 2025 година. Тоа е најголемиот годишен пад на вредноста на доларот од 2003 година, кога падна за 14,6 проценти.
Федералната влада на САД се „блокираше“ во среда на полноќ, откако демократите во Конгресот одбија да го поддржат планот на републиканците за привремено финансирање на државните институции освен ако не добијат отстапки за здравствената заштита.
Еврото скокна! Највисоко ниво за четири години
Републиканците, кои ги контролираат и Сенатот и Претставничкиот дом, ги отфрлија тие барања, а предлозите и на демократите и на републиканците не успеаја во Сенатот непосредно пред крајниот рок.
Ова е првото „блокирање“ од блокадата на крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, која траеше 35 дена, објави Ројтерс.