На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна втор ден по ред, откако минатата недела падна за речиси 4 отсто.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,99 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 139,50 на 140,15 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0320 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0310 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,35 отсто, на 92,80 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,68 отсто, на 85,30 долари.