Само за три месеци, или на крајот од декември лани, во споредба со септември, вкупниот доспеан а неплатен долг на сите општини во државата, вклучувајќи го и Град Скопје, се зголеми за повеќе од 22 000 000 евра, надминувајќи 90 400 000 евра. Дел од општините на квартално ниво пријавиле значаен пораст на доспеаните а неплатени обврски. Порталб ги рангира најзадолжените локални самоуправи и јавните комунални претпријатија.
Милионски долгови на општини и на комунални претпријатија …
Од сите анализирани општини во државата, највисок доспеан а неплатен долг во износ од 14 609 000 евра има Општина Гостивар. На новата “должничка листа“ на Министерството за финансии, оваа општина е рангирана на 8 то место. Во однос на третиот квартал од 2025 та, или за само три месеци долгот е зголемен за 2 100 000 евра. Во првите “10 најзадолжени“ е рангирана и Општина Тетово која на крајот од декември 2025 та пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 13 142 100 евра што е зголемување за 3 000 000 евра во период од три месеци.
Според висината на долгот следува Град Скопје со пријавени неплатени обврски во износ од 5 646 000 евра што е за околу 800 000 евра повеќе во однос на долгот пријавен на крајот од септември, лани.
Доспеани а неплатени обврски 2025
3 квартал 4 квартал
Општина Гостивар 12 500 000 е 14 609 000 е
Општина Тетово 10 118 000 е 13 142 100 е
Град Скопје 4 833 600 е 5 646 000 е
Општина Карпош 1 381 000 е 5 053 000 е
Општина Кавадарци 4 286 000 е 4 142 000 е
Извор: МФ
Скопската Општина Карпош ја заврши 2025 та со доспеани а неплатени обврски во износ од 5 053 000 евра што е значајно зголемување за скоро 3 700 000 евра во однос на септември 2025 та, кога долгот изнесувал 1 381 000 евра. Петта најзадолжена е Општина Кавадарци која на крајот од минатата година пријавила неплатени обврски во износ од 4 142 000 евра но на квартално ниво овој долг е намален за 144 000 евра.
Според висината на доспеаните долгови високо котираат и јавните комунални претпријатија формирани на локално и на централно ниво. Од овој сегмент на државниот сектор, на прво место со долг во износ од 18 270 000 евра е ЈП Водовод и канализација – Скопје, следува ЈП Водовод Куманово со Ц.О.Куманово со доспеан долг од 11 737 000 евра а на трето место е ЈСП -Скопје со пријавени неплатени обврски во износ од 9 965 400 евра
Доспеани а неплатени обврски 2025
Најзадолжени комунални ЈП
ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА –СКОПЈЕ 18 270 000 е
ЈП ВОДОВОД КУМАНОВО СО Ц.О.КУМАНОВО 11 737 000 е
ЈСП – СКОПЈЕ 9 965 400 Е
Извор: МФ
На крајот од 2025 та, вкупниот долг на сите Општински Јавни Претпријатија изнесувал 108 030 000 евра и во однос на состојбата со септември, има намалување за 21 750 000 евра. На истекот од 2025 та долгот пак на Јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост изнесувал 274 511 000 евра, зголемен за скоро 11 000 000 евра во однос на состојбата на крајот од третиот квартал. Во октомври 2025 та беа спроведени локални избори по што последните два месеци од ланската година практично се менаџира од старо-новите избрани градоначалници.