Со ребалансот за 2025 година ќе бидат обезбедени дополнителни 155 милиони денари за субвенции и поддршка на туризмот, како и 145 милиони денари дополнителни средства за Филмската агенција.
Според изјавата на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, дадена денес, со измената на Законот за игри на среќа, кој е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се одвојуваат четири проценти од платените давачки за игри на среќа, додека Агенцијата за филм ќе добива три отсто.
“Овие дополнителни средства претставуваат силен инпут за развојот на овие два силни сектора.”
“Ова е нешто што го ветивме и пред да дојдеме на овие позиции и посебно сум среќен што за една година ги завршивме сите процедури,” потенцираше Љутков, давајќи извештај за сработеното.
Осврнувајќи се првично на културата, Љутков исто така извести дека во делот на туризмот се спроведуваат низа активности за значително подобрување на секторот. Процесот за целосно преземање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е во напредна фаза, и се очекува истата да престане да постои за околу еден месец, рече тој.
“Почнавме со спроиведување серија институционални реформски организациски мерки со цел подобра функционалност и координација на секторот.”
“Се екипираа два нови сектора во Министерството, а се формираат и работни групи со претставници од приватниот туристички сектор за креирање ефективна развојна програма за 2026 година со активна промоција на културниот и транзитниот туризам,” нагласи Љутков.