Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна помош, а спаѓаат во портфолиото на ТИР зоните, достигнуваат околу 650 милиони евра. Овие 17 инвестиции ќе отворат до 5.000 нови работни места,а и ќе придонесат значително за економскиот развој и намалување на невработеноста во земјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што, според податоците на Еуростат, ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа по Ирска, Малта, Кипар и Полска, а и пред останатите земји во регионот.
Номиналниот раст на македонската економија достигна историски рекордни 8,2%, што е продолжение на континуираниот раст од 2024 година, кога економијата забележа 3%. За следната година се очекува буџетски дефицит под 3,5%, како и реален економски раст од околу 4%.
Ова покажува дека кога се има јасна визија, одговорен пристап и конкретни чекори има резултати.
Секоја нова инвестиција и секое ново работно место се доказ дека Владата работи во интерес на граѓаните и ја поттикнува економската стабилност и развој.
А бројките зборуваат.
За време на СДС и ДУИ, или 28 квартали конкретно, реалниот раст на македонската економија беше 2%.
Лошите политики на СДС и ДУИ ја успорија продуктивноста и ја блокираа можноста за развој.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со јасна стратегија и решителни политики ја потврдува својата посветеност кон граѓаните“, се вели во соопштението. објави Скопје1.мк