15 државни фирми, Јавни претпријатија и Акционерски друштва во државна сопственост генерирале 16 милиони евра загуба во првите три месеци од годинава. Новите податоци од Министерството за финансии за финансиското работење на вкупно 29 државни компании, АД и ЈП покажуваат дека 15 од нив биле во минусен биланс а 14 работеле со позитива, што значи дека половина од акционерските друштва, фирми и ЈП во државна сопственост работат со загуба.

Најголема негатива во износ од 45,2 милиони евра прикажале АД „Електрани на Северна Македонија“, на второ место со загуба од 2,5 милиони ева е ЈП „Национални шуми“ а на трето е ЈП „Железница – инфраструктура“ со минус во финансиското работење во износ од 2,2 милиони евра.

Негативен финансиски биланс во работењено имаат и АД „ Пошта на Република Северна Македонија“ со износ од скоро 1 милион евра и АД „М – НАВ“ со загуба од 900 000 евра. Од друга страна најголема добивка во финансискиот биланс во првите три месеци прикажале JП за државни патишта – Скопје со 31,1 милион евра, АД Мепсо со 7,2 милиони евра и АД „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ со добивка во износ од 2,1 милион евра.