Министерот за економија Бесар Дурмиши најави построги мерки доколку трговците драстично ги зголемат цените. Тој рече дека Пазарната инспекција до крајот на месецов ќе врши вонредни и редовни контроли, по што ќе достават извештај до Владата и министерството за економија, па ако се утврдат девијантни однесувања и енормно зголемување на цените ќе следат ригорозни мерки.
-Ако биде во стабилна фаза, ќе бидеме во комуникација со Пазарна и ќе има редовни контроли, рече Дурмиши на денешната прес-конференција.
Според него благодарение на мерките преземени од почетокот на годината, вклучувајќи го ограничувањето на маржите на прехранбени и хигиенски производи, економијата е постабилна и нема енормно зголемување на цените.
-Цените на храна се речиси непроменети, само 0,3 проценти за една година. Ако споредиме март со април 2024 година, имаме дефлација. Ова покажува дека економијата е стабилна, граѓаните не се соочуваат со енормно зголемување на прехрамбените производи, рече Дурмиши.
Тој најави дека на листате со ограничени маржи ќе се најдат и нови производи.