На последните парламентарни избори, 63 проценти од приходите и расходите дошле од државната каса…
Државниот буџет е доминантен извор за финансирање на кампањите на партиите, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија.
На последните парламентарни избори, 63 проценти од приходите и расходите дошле од државната каса. Во вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици, само 26,7 насто биле средства обезбедени од други извори, а не од буџетот. Најмногу пари се потрошени за платено политичко рекламирање. Најмногу потрошила коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, па следуваат блокот предводен од СДСМ, Европскиот фронт, Вреди.
Со извршената ревизија е утврдено дека ниту еден од учесниците нема реализирани расходи повеќе од законски утврдениот максимум.