Ова право го има еден од родителите кој е државјанин на Република Северна Македонија и има постојано место на живеење најмалку 12 месеци пред раѓањето на детето.
Еднократна парична помош за новороденче им се доделува на семејствата за прво и второ дете, согласно измените на Законот за заштита на децата („Службен весник на РСМ“ бр. 104/19 од 23.05.2019). Ова право го има еден од родителите кој е државјанин на Република Северна Македонија и има постојано место на живеење најмалку 12 месеци пред раѓањето на детето. Посвоените деца до една година се сметаат за прво или второ дете доколку мајката нема биолошко новородено дете.
Висината на паричната помош изнесува 5.000 денари за прво новороденче и 20.000 денари за второ, со можност за усогласување според порастот на трошоците на живот во претходната година. Доколку нема пораст на трошоците, не се врши усогласување.
Барањето се поднесува во центарот за социјална работа на подрачјето каде што мајката има живеалиште, најдоцна до три месеци по раѓањето на детето, односно три месеци по посвојувањето. Доколку мајката е странец, но е во брак со државјанин на РСМ и поседува лична карта за странец, барањето го поднесува таткото. За апликацијата се користи образец БЕППН/2.