Основачот на Amazon Џеф Безос се враќа на сцената како ко-извршен директор на нов ВИ стартап наречен Project Prometheus. Стартапот, која досега работеше во строга тајност, излегува на сцена со импресивни 6,2 милијарди долари во финансирање, дел од кои доаѓаат директно од Безос, пишува New York Times.
Безос, кој се повлече од позицијата на извршен директор на Amazon во 2021 година за да се фокусира на Blue Origin и други проекти, сега се соочува со нов предизвик. Заедно со технолошкиот ветеран Вик Баџаџ, тој ќе ја води компанијата кон развој на напредни алатки базирани на вештачка интелигенција кои ветуваат да го трансформираат физичкиот инжењеринг. Потегот и еден стратешки удар во еден сектор што веќе привлекува илјадници милијарди долари инвестиции. Според Fortune, Prometheus е еден од најдобро финансираните ВИ стартaпи досега, надминувајќи ги дури и раните рунди на OpenAI.
Каква е мисијата на Project Prometheus?
Неговата мисија е да развие “светски модели” – ВИ системи кои не само што разбираат текст и слики, туку и физичкиот свет околу нас. Ова значи дека технологијата ќе се фокусира на примена во реални сценарија, како компјутерскиот инжењеринг, автомобилската индустрија и дури и развој на вселенски летала. Овие модели ќе одат подалеку од сегашните големи јазични модели (LLM) како ChatGPT, фокусирајќи се на предвидување и симулација на физички процеси.
Компанијата, основана пред неколку месеци, досега работеше во режим на “стелт”, собирајќи таленти од врвните технолошки компании. Баџаџ, поранешен извршен директор во Google и други гиганти, носи експертиза во машинско учење, додека Безос обезбедува визија и ресурси. Оваа комбинација ветува брз развој, особено во област каде што ВИ сè уште се бори со разбирањето на физичката реалност. Експертите проценуваат дека успехот на Prometheus може да го забрза напредокот во автономни возила и роботика, сектори кои вреди стотици милијарди долари годишно.
Во контекст на глобалната ВИ трка, Prometheus влегува во клучен момент. Компании како OpenAI, Google DeepMind и Anthropic веќе доминираат со генеративни ВИ алатки, но фокусот на Безос на физички апликации може да создаде еден нов правец во индустријата.
Безос и неговото враќање кон иновацијата
По повлекувањето од Amazon, каде што изгради империја од нула, Безос се фокусираше на вселенски амбиции преку Blue Origin. Сега, со 61 година, тој се враќа кон софтверското инженерство, но со ВИ во преден план. Во интервју за Seeking Alpha, тој изјави: “ВИ не е само за да збори за неа; тоа е технологија за обликување на светот околу нас. Prometheus ќе го направи ова реалност.”
Американскиот милијардер е познат по неговата способност да идентификува трендови пред другите – од е-трговија до услуги на облак итн. Неговото учество во Prometheus сигнализира дека физичкиот ВИ е следната граница. Баџаџ, од друга страна, носи практична експертиза од Силиконската долина, каде што работеше на проекти за автономни системи. Заедно, тие формираат тим што може да се спротивстави на конкуренцијата од Microsoft и Nvidia.