Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од СДС.Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство, велат од партијата.
Четири квартали последователно, македонската економија расте со три или над 3%. Во второто тримесечје од годинава, Бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели развојот со раст од 7,3% и 6%.
Сето ова резултира и со отворање повеќе и подобро платени работни места и намалување на невработеноста. Имено, во вториот квартал годинава, споредено со истиот период лани, стапката на невработеност е намалена на 11,5%, односно еден процент помалку.
Преточени во бројки овие проценти значат дека денес имаме околу 10.000 нови вработени и за седум илјади помалку невработени.
Позитивни резултати има и кај надворешната трговска размена, така што во јули извозот порасна за 4,69%, додека во периодот од јануари до јули извозот е зголемен за 5,41%.
Ова не се само статистички проценти, туку реални резултати на одговорни и добро проектирани мерки и политики кои значат подобри услови за економијата, повеќе работни места и подобар живот за граѓаните.
Овие податоци се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ знае, сака и умее со посветена и чесна работа да покаже резултати во интерес и за подобар живот на сите.