Емисиите на стакленички гасови предизвикани од економските активности на Европската Унија, регистрирани во четвртиот квартал од 2024 година, се проценети на 897 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2), што е зголемување од 2,2 проценти во споредба со истиот период претходната година (878 милиони тони), објави Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека во истиот интервал е регистрирано зголемување на бруто домашниот производ (БДП) на Европската Унија од 1,5 проценти. Двата економски сектори што предизвикаа најголеми зголемувања беа домаќинствата, со зголемување од 5,2 проценти, како и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,6 проценти). Латвија и Австрија бележат падови.

Проценето е дека емисиите на стакленички гасови се намалиле во шест земји од Европската Унија, со најголеми намалувања во Естонија (11,3 проценти помалку), Финска (6,1) и Шведска (2,3), објави Танјуг. Меѓу нив, две земји (Латвија и Австрија) забележаа пад на БДП, а за другите четири (Естонија, Финска, Шведска и Луксембург) се проценува дека ги намалија емисиите, а воедно го зголемија својот бруто домашен производ, пренесува АлЏезира Балканс.