Американската компанија Apple е на чекор до тоа да биде првата во светот која достигна пазарна вредност од три трилиони (3.000 милијарди) долари.
Со тоа овој технолошкиот гигант ќе стане повреден од германскиот пазар на капитал или од целата британска економија.
Овој развој се случува само една година откако Apple достигна пазарна капитализација од две милијарди долари, бидејќи претходно, во 2018 година, ја надмина магичната линија од 1.000 милијарди, пренесе агенцијата „Блумберг“.
Акциите на компанијата се затворија на 175,08 долари на Волстрит во средата. Apple треба да достигне цена од 182,85 долари по акција, за да ја достигне посакуваната пазарна вредност од три трилиони долари, пренесе „Раша тудеј“.
Досега оваа година, акциите на Apple се зголемија за речиси 30 отсто, по големиот пораст од 80 отсто минатата година. Ривалските компании, како Microsoft, Amazon, Alphabet (Google) и Tesla, забележаа пораст на вредноста меѓу 10 и 70 отсто.
„Тоа е феноменално достигнување што ја нагласува неверојатната доминација на американските технолошки компании. Има уште многу да се понуди на Apple, што ве тера да се запрашате која ќе биде следната линија и колку ќе бидат големи“, изјави Крег Ерлам, виш пазарен аналитичар во Oanda.
Корпорацијата „Епл“ со седиште во Калифорнија накратко ја загуби титулата највредна приватна компанија во светот од „Мајкоросфт“ претходно оваа година. Падот дојде по изјавата на извршниот директор Тим Кук за нарушување на синџирот на снабдување поради пандемијата и тековните проблеми на компанијата во справувањето со глобалниот недостиг на микрочипови и компоненти за производство на паметни телефони, лаптопи и таблети.