Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, нареди истрага за можна манипулација со турската валутата, откако лирата оваа недела падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот.
Ердоган му наложи на Државниот надзорен одбор, институција за ревизија, која одговара пред претседателството, да ги идентификува институциите кои купиле големи количини девизи и да утврди дали имало некаква манипулација.
Лирата падна на рекордно ниско ниво оваа недела, откако Ердоган вети дека ќе се придржува до политиката за намалување на каматните стапки. Годинава лирата загуби големи 45 отсто од вредноста, а околу половина од тие загуби се во последните две недели.
Валутата падна за 13,45 во однос на доларот во историскиот пад од 15 отсто во вторникот по говорот во кој Ердоган го бранеше потегот на централната банка да ја намали референтната стапка на 15 отсто, и покрај инфлацијата од 20 отсто.
За време на својот говор, тој истакна дека Турција води економска војна за независност и нема да подлегне на притисокот за промена на курсот.
Државниот надзорен одбор на Турција може да бара од организациите да обезбедат информации и документи со кои ќе ги проследи нивните наоди до релевантните институции.