Веруваме дека може да се постигнат добри договори во корист на потрошувачите и бизнисите од двете страни на Атлантикот. Во исто време, продолжуваме да се подготвуваме за сите можности, додаде Фон дер Лајен.

Европската комисија денеска објави планови за воведување дополнителни царини на увозот од САД во вредност од околу 95 милијарди евра (107 милијарди долари) доколку преговорите со Вашингтон не доведат до решение за трговскиот спор.

Списокот на таргетирани производи објавен денеска опфаќа индустриски и земјоделски стоки.

Дополнително, Комисијата се консултира со членките „за можни ограничувања на одреден извоз на ЕУ на отпадно железо и хемиски производи во САД во вредност од 4,4 милијарди евра”, се вели во соопштението за печат.

– ЕУ останува целосно посветена на изнаоѓање преговарачки решенија со САД, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Веруваме дека може да се постигнат добри договори во корист на потрошувачите и бизнисите од двете страни на Атлантикот. Во исто време, продолжуваме да се подготвуваме за сите можности, додаде Фон дер Лајен.

Во април, американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи за 90 дена специјалните давачки на увоз од повеќето трговски партнери, вклучително и ЕУ, што го поттикна блокот да ги суспендира планираните контрамерки за да овозможи понатамошни разговори.